Свет
17. January 2020 - 10:15

Премиерот на Украина, Хончарук поднесе оставка

Претседателот на украинската Влада Олексеј Хончарук поднесе оставка од функцијата.

– Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка, напиша Хончарук на Фејсбук.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ќе ја разгледа оставката на Хончарук.