Премиерот на Шведска бара помош од војската поради зголемените улични судири
Шведскиот премиер Улф Кристерсон го повика врховниот командант на шведските вооружени сили Микаел Бајден да помогне да се спречи порастот на убиства поврзани со конфликтот меѓу криминалните банди.
Двајцата денеска ќе се сретнат со началникот на полицијата за да разговараат за улогата на војската, јави Би-Би-Си.
Бајден за весникот „Дагенс нихетер“ изјави дека е подготвен да и помогне на полицијата.
Не е јасно како точно ќе се вклучи војската, но имаше најави дека војниците би можеле да преземат некои полициски должности за да ослободат ресурси за полицијата за борба против криминалот.
Во Шведска овој месец во конфликт меѓу криминални групи загинаа 12 лица, што е најголем број од декември 2019 година, објавија локалните медиуми.
Кристерсон рече дека Шведска досега не видела вакво нешто и дека „ниту една друга земја во Европа“ не доживеала ваква ситуација.
Тој изјави дека деца и невини случајни минувачи се повеќе страдаат во конфликти со банди.
Во извештајот на шведската влада објавен во 2021 година се наведува дека четири лица на милион луѓе умираат во пукотници секоја година, што е повисоко од европскиот просек од 1,6 на милион луѓе.
Шведската полиција ја поврзува високата стапка на криминал со лошата интеграција на имигрантите, проширувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните и употребата на дрога.
Ново на Сител
-
Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари
-
На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс
-
Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“
-
Лазаров го одреди составот за мечот со Естонија
-
„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука
-
72-годишна жена почина во пожар во нејзиниот стан
-
Вреди: Таравари им ги украде мандатите на граѓаните кои гласаа против ДУИ
-
Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата