Премиерот и министерката за образование на првиот училишен ден во „Коменски“
Приредба за првачињата беше организирана и во ОУ Јан Амос Коменски во О.Карпош. Магионичар преку различни трикови им ги објасни протоколите на најмалите.
Премиерот и министерката за образование го посетија ова Основно Училиште и се обратија пред првачињата и нивните родители. Среќен почеток им посака и градоначалникот на Општината .
Им објаснија на учениците зошто треба да носат маски, да мијат раце почесто и да не делат од својот школски прибор со другарчињата. „Сите учиме во целиот овој процес. Јас сум ваш партнер и порачувам да се соработуваме едни со други. Родители вие додека сте на работа можеби ќе има ситуација да се јават наставничките дека детето има покачена температура но и таквите ситуации заедно ќе ги надминуваме“. Вели Царовска.
Премиерот порача дека денеска е најважниот ден за првачињата и им посака успешна учебна година.
Убеден сум дека вашите родители многу ви раскажувале за овој прв училишен ден, сите го паметиме. Знаењето што ќе го примате до вашите умни главички ќе ви помогне да бидете добри лекари, градители, наставници, новинари и др професии. Сите мора да покажеме разбирање во овој процес.Ако сите се потрудиме да ги следиме протоколите ќе ја завршиме успешно и оваа учебна година. Вели Заев и им порача постојано да носат маска, да одржуваат растојание и да мијат раце често.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Британската мутација на вирусот потврдена во Македонија
-
Сведоштво на девојка жртва од групата „Јавна соба“
-
Возењето од Виница кон Делчево наликува на руски рулет
-
Националната конвенција за ЕУ во земјава со препораки за правните механизми за регулирање на работните односи во пандемија
-
Британската мутација на корона потврдена во Македонија
-
22 вработени на нефрологија за три дена се заразиле со корона - се анализира дали е новата мутација
-
Гинекологот од Струга повикан во Влада, доказите на ДСЗИ предадени во Обвинителството
-
Тема на денот со министерката за одбрана Радмила Шекеринска