Премиерот Груевски во политичко-економска посета на Шпанија

Премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во дводневна политичко-економска посета на Шпанија.
Во Мадрид, премиерот Груевски ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија којшто е поделен во два дела. На првиот учесниците ќе разговараат за актуелните предизвици на европскиот континент, економијата и потенцијалите за раст, одржливиот регионален развој и отворањето нови работни места, развојот на информатичкото општество и технологиите, а ќе се дебатира и за предизвикот со илегалните мигранти и за развојот на Eвропската унија и европските политики на интеграција.
Предвиден е и дел каде што ќе се обраќаат шефовите на влади кои се членки на Европската народна партија, при што ќе се обрати и премиерот Груевски.
Вториот статутарен дел од конгресот во Мадрид, информираат од владината прес-служба, е посветен на избор за претседател на Европската народна партија, потпретседатели и генерален секретар на Европската народна партија.
На Конгресот во Мадрид се очекува да бидат присутни и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, премиерот на Португалија, Педро Пасос Коело, премиерот на Ирска, Енда Кени, премиерката на Летонија, Лаимдота Страујума, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јунер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Во рамки на дводневниот престој на Мадрид, премиерот Груевски ќе присуствува и на бизнис форум којшто се реализира во организација на Стопанската комора на Мадрид. На форумот ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите за економска соработка и развој на економските односи.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
