-->
-->
Премиера на „Жени“ во рамки на Кафе-кино
-->

Премиера на филмот „Жени“, албанско-американска копродукција, ќе се одржи вечер во киното Милениум, во рамки на Кафе киното, како дел од програмата на Скопско лето 2015.
Станува збор за комедија во режија на Рудина Војвода, по сценарио на Кољорето Чукали. Главните улоги ги толкуваат Ермал Мамачи, Енџи Чуку и Замира Кита.
Со проекцијата на овој филм ќе биде заокружено овогодинешното Кафе кино на Скопско лето.
Во рамки на музичката програма, пред скопската публика вечер ќе настапи концертното дуо „Арт Вангард“ составено од Калина Мрмевска-пијано и Агнес Калај-виолончело од Унгарија. Концертот ќе се одржи во Музеј на град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
