Премиера на претставата „Во сенката на ветрот“ утревечер во Народниот театар во Прилеп
Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Во сенката на ветрот“ од Пол Емон во режија на Југослав Кочоски.
Според режисерот Кочоски на кого ова му е втора соработка со ансамблот станува збор за дело на Емон кое првпат се изведува во Македонија, воедно и во Прилепскиот театар и во прашање е љубовна приказна.
Посочи дека станува збор за емоционална приказна за љубов и страст која е раскажана од еден невообичаен аспект.
- Напишана е врз база на „Тристан и Изолда“, според самиот автор, со доста примеси од други литератури. Претставата го претставува длабокото незадоволство и празнината на тие што може да имаат сѐ и повторно се незадоволни и за тие кои немаат ништо, а се среќни од тоа малку што им го дава животот. Испреплетувањето на дејствието и текот на индивидуалните приказни на ликовите претставува посебен пристап кон сценското прикажување, а воедно дава и посебен клуч по кој може да се следи едно театарско дело, истакна Кочоски.
За актерката Марија Спиркоска Илијеска, продуктивна била соработката со режисерот, а во претставата секој може да се најде себе си.
- Секој од публиката може да се најде во било кој од ликовите затоа што секој преживеал некоја таква љубов или ситуација во која се чувствувал безизлезно или барал многу повеќе од тоа што го има. Ова е приказна за сите нас, за сето она што нѐ опкружува и колку ние самите може да го движиме нашиот живот, онака како што ние би го замислиле. Дали на крај е фатален или има хепиенд, тоа зависи само од нас, вели Спиркоска Илијеска.
Ова е четврта, последна премиера на Прилепскиот театар годинава. Сценографијата е на Бојан Маневски, костимите се на Даниела Настоска, а музиката на Томе Темелкоски. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска – Ѓорѓиевска.
Во претставата играат: Марија Спиркоска-Илијески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Марјан Чакмакоски, Најдо Тодески, Виолета Чакарова и Наташа Наумоска.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување