Премиера на „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ во Театар Комедија
Претставата „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ од Роланд Шимелфенинг вечер на сцената на Театарот Комедија премиерно ќе ја изведат актери од Турскиот театар. Претставата, која ќе биде изведена и утревечер, е во режија на Ивана Ангеловска.
Приходот од влезниците кои се продаваат по цена од 100 денари ќе биде наменет за поплавените подрачја во скопскиот регион.
Од Турскиот театар на прес-конференција информираа дека и за оваа претстава ќе биде обезбеден превод на македонски јазик.
Режисерката Ангеловска рече дека текстот на авторот е дел од африканската триплогија, што значи напишан е по нарачка и е еден обид да се отвори еден глобален проблем односно проблемот на Африка. Посочи дека претставата е длабоко интимна приказна за две брачни двојки кои во своите 30 години се разделуваат и избираат комплетно различни насоки во животот.
- По шест години се среќаваат и на таа нивна средба доаѓа до судир на целиот нивен поминат живот, на изборот кој го направиле...Пробавме да донесеме на сцена два света: светот на западното општество и светот на Африка. За мене Африка може да биде и тука кај нас, за мене Африка е секоја земја која се соочува со болести, со смрт, со војна и сметам дека текстот е многу денешен, истакна Ангеловска.
Појасни дека двете двојки во судир една со друга ги отвораат токму овие прашања. - Тие на крајот на денот се несреќни од она што го направиле во животот, посакуваат да го имаат животот на другиот пар и се соочуваат со невозможни дилеми и одлуки, додаде Ангеловска.
Во претставата настапуваат Несрин Таир во улогата на Лиз, Сузан Акбелге во улогата на Карен, Осман Али во улогата на Франк и Ерман Шабан во улогата на Мартин. Сценограф е Дарко Ристевски, а костимограф Марта Трендафилова.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза