Премиера на „Леонс и Лена“ во Тетово

Претставата „Леонс и Лена“ на авторот Георг Бихнер, а во режија на Драгана Таневска од Струмичкиот театар, вечер ќе биде изведена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок во Тетово.
Режисерката Таневска изјави дека го одбрала овој текст бидејќи текстови на Бихнер не се многу застапени на македонските театарски сцени. Појасни дека импровизираната сцена во заднина на големата сцена во Тетово е избрана за да се одбегне класичниот пристап за театарските претстави со голема сцена од една и публиката од друга страна.
Претставата „Леонс и Лена“ е своевидна бајка за принц и принцеза, чии родители сакаат да им договорат брак. Тие ја избегнуваат оваа наметната обврска за потоа да се сретнат и да се засакаат.
Во претставата играат Слободан Трендов од Тетовскиот театар, тетовецот Марко Богдановски, кој е гостин во претставата заедно со Александра Михајловска од Кумановскиот театар и Никола Наковски, кој неодамна дипломирал актерство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
