Премиера на куклената претстава „Кучето со боја на небо“ на режисерот Дарко Ковачовски
Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица викендов ќе биде премиерно прикажана куклената претстава „Кучето со боја на небо“ на режисерот и драматург Дарко Ковачовски.
На денешната прес конференција Ковачовски и актерите ги изнесоа деталите за приказната инспирирана од стар текст на Ѓула Урбан насловена како „Синиот Петар“, но овојпат со акцент на кучето.
- Куклениот театар е апотеоза, затоа што пред актерот стои кукла. Тоа не значи дека нема актер, туку напротив има актер и тоа многу квалитетен. Тој мора да мисли брзо, да работи брзо, да реагира брзо и брзо да ја поминува рампата кон гледачот. Подготвивме динамична брза претстава, на граница со фантастичното. Во неа во соживот живеат полицаецот, морнарот и госпоѓа Кети како реални ликови и кучето и мачето од друга страна, објасни режисерот Ковачовски.
Според актерот Стојан Велков Трн, работата на куклени детски претстави е вистински предизвик.
- Ова е моја втора куклена претстава. И првата беше исто на режисерот Ковачевски, тоа беше „Јованче и Марика“. И тоа беше друг систем на кукли со марионети, а овој се вика бумраку. Актерската и човечката љубопитност што јас како човек ја имам ме подига на друго ниво. Освен драмското искуство, љубопитен сум да видам како е да се работи и со кукли, вели актерот Стојан Велков Трн.
И актерот Коста Ангов, за кого ова е прво куклено искуство, вели дека работата на претставата му значи за актерксиот развој.
- Сакам да се збалагодарам на режисерот што ми ја укажа довербата и не направи дел од оваа мала, но компактна екипа со кои поминавме два прекрасни месеци. Тргнавме од нула, зашто првпат работам со кукли на цела претстава. Тргнавме од учење чекори, гест, па на крај до фантастичен спој да ги оживееме овие кукли на сцената. За мене беше преголемо искуство, открив многу работи за себе и како човек и како актер, рече Ангов.
Костимограф, сценограф и дизајнот на кукли е дело на Надја Василева.
Претставата ќе има две премиери, едната в сабота во 19 часот и другата в недела во 12 часот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно