-->
-->
Премиер лига: По еден бод за Саутемптон и Манчестер Јунајтед
-->
Во заостанат натпревар од 28.коло од Премиер Лигата кој немаше големо резултатско значење, Саутемптон и Манчестер синоќа освоија по еден бод. Дуелот заврши без голови (0:0).
Саутемптон не реализира пенал преку Маноло Габиадини во почетните минути од натпреварот, а неговиот удар голманот Ромеро го одбрани.
Вечерва се игра и последниот од одложените дуели во англиското првенство Лестер го пречекува Тотенхем (натпревар од 34.коло).
Натпреварите од последното коло се играат на 21.мај во недела со почеток во 16 часот.
На едно коло пред крајот на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го зазема 6.место на табелата со 66 бодови, додека Саутемптон е на 8. позиција со 46 бода.
За следната година да настапува во Лигата на шампионите за Манчестер Јунајтед остана последната шанса да триумфира во Лига Европа во финалето против Ајакс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок