-->
-->
Премиер лига: Челзи гостува кај Манчестер Јунајтед
-->

Во англиската Премиер лига нема одмор во периодот од католичкиот Божик до Нова Година, па екипите по саботното коло од денеска до среда ќе одиграат уште едно. Денеска се играат осум натпревари.
Во терминот од 16 часот на програмата се дуелите: Кристал Палас – Свонси, Евертон – Стоук, Норвич – Астон Вила, Вотфорд – Тотенхем и ВБА – Њукасл.
Шампионот Челзи гостува на „Олд Трафорд“ во терминот од 18:30 часот кај Манчестер Јунајтед, а во истиот термин играат: Арсенал – Бурнемут и Вест Хем – Саутемптон.
Лидерот на табелата Лестер по поразот од Ливерпул ќе биде пред нов предизвик бидејќи го пречекува третопласираниот Манчестер Сити. Овој натпревар се игра утре вечер, додека колото ќе биде комплетирано во среда со дуелот Сандерленд – Ливерпул.
Табела: Лестер 38 бодови, Арсенал 36, Манчестер Сити 35, Тотенхем 32, Кристал Палас 30, Манчестер Јунајтед 29, Вотфорд 29, Ливерпул 27,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
