Фудбал
23. October 2016 - 20:30

Премиер лига: Челзи го декласира Манчестер Јунајтед на Мурињо

Екипата на Челзи попладнево постигна убедлива победа од 4:0 во дербито на 9.коло од Премиер лигата совладувајќи го Манчестер Јунајтед на домашен терен. Головите за „сините“ ги постигнаа: Педро 1.минута, Гери Кејхил 21.минута, Еден Азар 62.минута и Н‘Голо Канте 70.минута.
На првиот дуел одигран денеска Манчестер Сити – Саутемптон 1:1.
 
На другите дуели од 9.коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати:
Бурнемут – Тотенхем 0:0,
Арсенал – Мидлсброу 0:0,
Барнли – Евертон 2:1,
Хал – Стоук 0:2,
Лестер – Кристал Палас 3:1,
Свонси – Вотфорд 0:0 и
Вест Хем – Сандерленд 1:0.
Табела: Манчестер Сити 20 бодови, Арсенал 20, Ливерпул 20, Тотенхем 19, Челзи 19, Евертон 15, Манчестер Јунајтед 14,...