Преку ИПА проект ќе се создава бизнис мрежа Струмица - Кичево - Кукуш

Почна спроведувањето на проектот „Бизнис мрежа Струмица - Кичево - Кукуш“ преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Целта е создавање поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион, за што ќе бидат обезбедени 238.000 евра, информираат од Одделението за меѓународна соработка и европски фондови на општина Струмица.
Во рамки на проектот објавен е јавен повик за избор на проектен тим кој ќе биде вклучен во реализација на проектот.
- Со Проектот се предвидена реализација на повеќе активности кои ќе имаат за цел зајакнување на капацитетите на бизнис секторот, вмрежување на фирмите од регинот Струмица, Кичево, Поликастро и Кукуш, како и нивна промоција преку организирање заеднички саеми, обуки и други јавни настани, информира на денешната прес - конференција, Елена Ќучукова.
На отворениот конкурс ќе се изврши избор на проектен тим и тоа проектен кординатор и финансиски службеник. Ангажманот на овие лица ќе трае 15 месеци. Конкурсот е достапен на официјалната њеб страница на општината www.strumica.gov.mk
- Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство на ЕУ проекти. Сите пријавени кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање на англиски јазик во просториите на општина Струмица, рече Ќучукова.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
