Преку 1.000 маски на „Батко Ѓорѓија“ во Куманово

Повеќе од 1.000 маски продефилираа на 13. маскенбал „Батко Ѓорѓија“ што се одржа денеска на градскиот плоштад во Куманово.
Манифестацијата ја организираа Општината и Фондацијата за развој на кулутрата и спортот од Куманово. Учествуваа ученици од шест објекти на градинката „Ангел Шајче“, од 16 основни и пет средни училишта во градот кои се претставија со групни и индивидуални маски, како и гости од Струмичкиот карневал кои настапија во ревијалниот дел.
- На наше големо задоволство традицијата продолжува и кумановскиот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ се случува од 2002 година, првично во организација на Коледарското здружение, а подоцна го презема Општината под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски, со голема поддршка од Советот. Има прекрасни маски и тоа ни дава голема инспирација и повод ова да прерасне во карневал кој би имал и поголемо и меѓународно значење, изјави претседател на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово Нино Величковски.
Тричлена жири комисија додели награди за најдобрите учесници на ниво на градинки, основни и средни училишта, но и во поединечна конкуренција.
Според организаторите, интенциите се манифестацијата да прерасне во карневал кој ќе влезе и во Меѓунаредоната фестивалска програма со цел да се етаблира и во Македонија и надвор од државата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
