Прекината свадба во Скопје, речиси никој од гостите немал сертификат
Три угостителски објекти во кои присуствувале невакцинирани гости биле затворени од страна на пазарниот инспекторат, објави порталот „СДК“.
Меѓу затворените објекти е и ресторан за свадба каде при контролата речиси никој од гостите не биле вакциниран, дознава СДК.
„Контролите низ угостителските објекти ги правиме заедно со полицијата бидејќи ние како Пазарна инспекција не можеме да бараме легитимирање на гостите. Прекинавме една свадба каде речиси никој од гостите немаше сертификат за вакцинација, а во Скопје затворивме и кафуле во центарот на градот каде имаше невакцинирани млади луѓе“; вели Александра Котели портпарол на Пазарната инспекција.
Казните за непочитување на мерките од Владата се 250 евра за физичките лица кои ќе бидат затекнати без сертификат за вакцинација, а до 30.000 евра за угостителскиот објект.
Ново на Сител
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство