Прекинат бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, учениците утре продолжуваат со настава

Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром утре учениците ќе се вратат на настава. Бојкотот кој траеше два дена е прекинат по одлука на Советот на родителите во училиштето, кој го прифатил решението проблематичниот третоодделенец да не ја следи физички наставата туку онлајн до крајот на првото полугодие.
За решение на проблемот МОН формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период ќе ја следат состојбата и стручни лица ќе работат со детето со агресивно и асоцијално однесување, вклучувајќи го и неговото семејство.
Проблемот со ученикот се актуализираше по најавата тој да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Бојкот почнаа родители на децата што учат таму, па директорката ја повлече одлуката, а откако детето требаше да се врати на настава во „ОУ „Лазо Ангеловски“, бојкот почнаа и во матичното училиште.
Во решавање на проблемот се вклучи и МОН. Министерката Весна Јаневска минатата недела изјави дека секое дете има право на образование кое е задолжително и дека „детето не може и не смее да остане на улица“.
-Државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес. Министерството сериозно ќе се заложи да го реши овој проблем иако тоа не се негови ингеренции. Поголеми ингеренции имаат општините, педагошките служби, социјалните служби и управителите на училиштата, рече Јаневска.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
