Свет
28. March 2022 - 13:30

Преговорите помеѓу Украина и Русија пролонгирани за утре

Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија ќе почне утре во Турција, изјави Давид Арахамија, член на украинската делегација и шеф на пратеничката група на владејачката партија Слуга на народот.

– Сè уште сме на пат. Поради логистички тешкотии, нашето пристигнување се очекува прилично доцна… Тие (руската делегација) полетаа пред половина час, ќе пристигнат околу 21 часот, посочи Арахамија.

Тој додаде дека преговорите утре ќе започнат во 10 часот.

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е малку веројатно дека преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина во Истанбул нема денеска да почнат и се очекува тие да продолжат во вторник.