Преговори на Македонија и БиХ за договор за економска соработка и за авиолинија Скопје - Сараево

Почеток на преговори за потпишување договор за економска соработка, за соработка во областа на туризмот и за воведување директна авиолинија Скопје - Сараево, иницираа министерот за економија на Македонија Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ.
Како што соопшти Министерството за економија, на билатералната средба во Сараево, Бектеши и Шаровиќ ја потенцирале потребата од зајакнување и продлабочување на економската соработка на двете земји, имајќи предвид дека БиХ во последните неколку години е меѓу првите 20 земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена регулирана со ЦЕФТА Договорот, како и затоа што БиХ е единствената земја од регионот со која Македонија нема потпишано ваков договор.
Министерот Бектеши изразил подготвеност за кусо време да биде доставен предлог - текст на договор до босанската страна, а по неговото финализирање да се пристапи и кон потпишување.
Прашањето, пак, за склучување договор за соработка во областа на туризмот е покренато од босанска страна во 2013 година и тоа, заклучиле двајцата министри, треба да претставува основа за продлабочување на соработката во оваа област.
Заедничка била и констатацијата дека со директна авиолинија Скопје - Сараево би се олеснил транспортот и на туристите и би се зголемил бројот на деловни посети во двете земји.
Министерот Бектеши беше дел од официјалната делегација на Македонија која престојуваше во БиХ. Учествуваше на работниот состанок со членовите на делегацијата на Советот на министри на БиХ и на средбата со членовите на Претседателството, а го посети и Мостар каде присуствуваше на манифестацијата „Мостар не ги забораваа пријателите“. Положи и цвеќе на спомен-обележјето на трагично настраданиот претседател на РМ Борис Трајковски.
Ново на Сител
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
