Loading Video...
Свет
1. November 2025 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Во Нови Сад се одржа  голем комеморативен  собир за  една година од уривањето на настрешницата на железничката станица. Десетици илјади граѓани оддадоа почит со 16 минутен молк за 16 –те жртви.  Настанот го организираа студентите во блокади кои со месеци бараат одговорст од властите за трагедијата.

Мислам дека треба да продолжиме да бидеме упорни, да се држиме заедно и да продолжиме да протестираме, и навистина верувам дека нешто ќе се промени.“

„Зошто ги загубија животите? Ги загубија животите поради неодговорност, глупост и корупција - не само во Нови Сад, туку низ цела Србија. Тоа се случува постојано и мислам дека ќе биде потребно доста време за овој град, пред сè, да ја врати искрата што ја имаше некогаш, иако се надевам дека тоа ќе дојде наскоро.“

Комеморативни собори се одржаа и во други градови во Србија , а во храмот Свети Сава во Белград, патријархот на Српската православна црква служеше парастос.  На служењето на парастосот  пристуваше и  Вучич. Денес е денот кога треба без груби зборови и поделби, тивко да се молиме за жртвите.. Нека мирот и одговорноста нè водат, а вистината ќе ја бараме во институциите, трпеливо и со целосно почитување порача српскиот претседател. Една година по несреќата, кривичната одговорност за падот на настрешницата сè уште не е целосно утврдена. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица Во Србија денеска е прогласен и ден на жалост. 

Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел во Украина, проценувајќи дека тоа нема негативно да влијае врз американските воени резерви. Конечната одлука останува на Трамп, кој претходно ги наведе залихите како причина за неиспраќање ракети со долг дострел за Киев. Додека се чека одлуката од американскиот претседтел  Русија продолжува со воените акции  низ Украина.  Според  укрианскиот претседател, Русија распоредила околу 170 000 војници во источниот регион Доњецк, со цел да го освои градот Покровск .

„Русите сакаат да ја претворат целата наша земја во она што го прават на Покровск, на Купјанск и на другите наши градови и заедници. Мораме да ги запреме таму каде што дојдоа и да ги уништиме таму.“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Руското министерство за одбрана тврди дека Покровск е пред пад и се закани не само со негово заземање, туку и со целосно опкружување на поширокиот регион. Покровск е стратешки важен град, чии заземање би им го отворило патот на руските сили кон поголемите градови во Доњецк, Краматорск и Славјанск.

Победникот на парламентарните избори во Холандија ќе биде познат во вторник, кога изборниот совет ќе го објави официјланиот конечниот  резулатат. Левичарско –либералната партија Деморкати 66 се прогласи за победник на изборите кои се оддржаа во среда, врз основа на досега објавените резулати. Нејзиниот  лидер Роб Јетен веќе најави разговори за формирање влада. И демократи 66 и крајснодесничарската Партија за слободата на Герт Вилдерс неофицијално имаат по 26 места во 150 члениот холандски премиер. Вилдерс се огласи на социјалните мрежи,пишувајќи дека арогатно е да не се чекаат официјланите конечни резулатите. Доколку 38 годишниот Роб Јетен ја предводи новата влада на Холандија, тој ќе стане најлмадиот и прв геј премиер во историјата на земјата.