Loading Video...
Свет
31. October 2025 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Британскот крал Чарлс Трети му ја одзеде титулата принц на својот помлад брат Ендрју, и го принуди да се исели од резиденцијата  Ројал Лоџ,соопшти Бакингамската палата.

Одлуката  следи по нови реакции во јавноста поради поврзаноста на принцот Ендру со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и објавувањето на мемоарите на Вирџинија Џуфре, која го обвини принцот за сексуално злоставување додека била малолетна. Ендрју, кој претходно се откажа од титулата војвода од Јорк, сега ќе биде познат како Ендрју Маунтбатен Виндзор.

Од палатата соопштија дека мерките се неопходни, иако тој продолжува да ги негира обвинувањата против него.

11 доживотни затворски казни изрече денеска Судот во случајот за пожарот во луксузниот хотел Гранд Картал во Турција во јануари, во кој загинаа 78 лица, вклучувајќи 30 деца, објави турските медиуми. Сопственикот, менаџерот на хотелот и неколку членови на одборот на хотелот беа меѓу оние на кои судот им изрече доживотни затворски казни.

Истата казна ја добија и заменик-градоначалникот на Болу и локалниот началник на противпожарната служба. Над 130 лица беа повредени во пожарот, кој избувнал во ресторанот на четвртиот спрат на 12-катниот хотел и со голема брзина се проширил кон погорните катови. Во тој момент во хотелот имало 238 гости.

Многумина се обиделе да се спасат скокајќи низ прозорците или спуштајќи се од собите со јажиња направени од чаршафи. Според истрагата хотелот не поседувал автоматски систем за гасење пожари, ниту алармен систем кој би се активирал во случај на пожар.

Новосадската полиција го уапси Миша Бачулов, советник во градското Собрание и лидер на граѓанската група „Биди херој“. Српското министерство за внатрешни работи сè уште се нема огласено со детали од апсењето.

Дел од српските медиуми, кои важат за блиски до претседателот Александар Вучиќ, тврдат дека постојат сомнежи дека Бачулов планирал лажирање на сопствено труење и за обидот за убиство да го обвини претседателот Вучиќ и државниот врв. Бачулов, познат по своите критички изјави против владата.