Преглед на вестите од светот
Пакистанските власти остро го осудија иранскиот воздушен напад на пакистанска територија во кој загинаа две деца и предупредија на одмазда. Иран претходно соопшти дека нападот бил извршпен со ракети и дронови а мета биле две бази поврзани со сунитската милитанта група Џаиш ал Адл во провинцијата Балучистан, која се граничи со двете земји. Техеран ја поврза групата со нападите минатиот месец во близина на границата, во кои загинаа над десетина ирански полицајци.. Инцидентот е целосно неприфатлив, а уште позагрижувачки е што се случи иако постојат неколку канали за комуникација помеѓу двете земји е наведно во соопштеното на Пакистанското министерство за надвошрени работи. Иран оваа недела нападна и локации во Ирак и Сирија.
Израел ги засили воздушните напади во близина на болницата НАсер во Кан Хунис во јужниот дел на појасот Газа. Според воениот портаорлот Даниел Хагари во болницата се кријат борци на Хамас. Нападите околу најголемата болница во Кан Јунис предизвика бегство на пациентите и на засолнати цивили. Во меѓувреме, ИЗарел и Хмаас со посредствот на Катар и ФРанција постигнаа договор лекови да добијат 45 изарелски заложнци со хронични болести кои ги држи Хамас во замена за поголема хуманитран помош за палестинските цивили
Обилните снежни врнежи и замрзнат дожд низ Германија доведоа до откажување на стотици летови и возови, несреќи на замрзнатите патишта и затворање на училишта и градинки.. Над 500 пристигнувања и полетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија, а повеќе од 250 во Минхен.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар