Преглед на вестите од светот
Полска и формално го активираше членот 4 на НАТО по она што прмеиерот Доналд Туск го опиша како чин на агерсија од страна на Русија. Членот 4 предвидува консултации во случај една од членките на блокот да смета дека нејзината безбедност е загрозена, но притоа не ги обрзаува на конкретен одоговр или акција. Туск изајви дека Полска е најблиску до отворен конфликт од втората светска војна откао 4 од 19 беспилотни руски летала што влегле на полска територија биле соборени од полски и НАТО авиони. Инцидентот се случил за време на обемен руски напад врз цели во запдна Уркаина во текот на нокта.
- соборени се оние беспилотни летала што претставуваа директна закана.Најверојатно се справуваме со провокација од големи размери. Но, во исто време, сме во консултација со нашите сојузници. Ова е прв пат руски беспилотни летала да бидат соборени над територијата на земја-членка на НАТО. Не сме регистрирале никакви жртви. Подготвени сме да ги одбиеме таквите провокации и напади; добро сме подготвени, а ситуацијата е сериозна. Доналд Туск, премиер на Полска.
Кремљ одби да ја коментира изјавата на Туск за соборените руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, велејќи дека тоа е прашање на Министерството за одбрана. ОД таму испратија соопштение во кои се вели - Не е планирано да се таргетираат објекти на полска територија. Максималниот дострел на беспилотните летала што се користат во нападот (врз Украина) не надминува 700 километри. Сепак, ние сме подготвени да одржиме консултации со полското министерство за одбрана на оваа тема“.
ШЕфот на НАТО испрати порака до Путин.
До Путин, мојата порака е јасна. Престанете со војната во Украина. Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците. И знајте дека сме подготвени, дека сме будни и дека ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО.“
. Реакции и осуди по израелскиот напад врз делегацијата на Хамас во Доха која се собра да разговара за најновиот предлог на САД за прекин на огнот. Катар чинот го нарече државен тероризам . Го обвини Нетанјаху за дестабилизација на регионот и се закани со одмазда. Ја потврдија изјавата на Трамп дека од САД добиле предупредување – но, 10 минути по нападот.
„Зборуваме за држава-медијатор која официјално е домаќин на преговорите. Според кои етички стандарди е ова прифатливо? Дали на светот му е потребна појасна порака од оваа? Кој ја затвора вратата кон мирот. Нападот се случи во 15:46 часот попладне по катарско време . Првиот повик што го имавме од американски функционер беше во 15:56 часот (попладне), што е десет минути по нападот“, изјави Шеикот Мохамед Ал Тани, премиер и министер за надворешни работи на Катар.
Израелскиот премиер го оправда ударот како „легитимен одговор“ на неодамнешните вооружени напади на Хамас, меѓу кои и инцидентот во Ерусалим со шестмина убиени цивили и напад врз израелски војници во Газа
Ја преземаме одговорноста за оваа акција. Таа може да ја отвори вратата за крај на војната во Газа. Израел го прифати предлог на Трамп со итно ослободување на сите заложници. Доколку биде прифатен од Хамас, војната може да заврши веднаш“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Советот за безбедност на ОН во текот на деното ке одри итна седница. Египет бара Израел да сноси одговорност. Алжир и Иран го нарекоа нападот кукавички терористички чин. ЕУ се закани со санкции за Израел а критики до Нетењагу стигнаа и од Трамп.
Хамас соопшти дека во израелскиот напад во Доха загинале шест лица, но преговарачкиот тим, вклучувајќи го и главниот преговарач Халил ал Хаја, преживеал. Според Хамас, целта бил обид за атентат и доказ дека Израел не сака мировен договор.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
