Loading Video...
Свет
12. January 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Хутите ветија дека синоќешните воздушни и поморски напади на САД и, Велика Британија врз нивните позиции во Јемен нема да поминат без казна или одмазда.  На удар  биле  команданти центри, складишта за муниција и системи за противвоздушна одбрана во главниот град Сана и уште четири провинции. Биле погодени околу 60, а загинале 5 борци на бунотвничкаат група. Поголемиот дел од јеменското население живее во области под контрола на оваа милитантна религиозна група, поддржана од Иран.

Американските и британските непријатели сносат целосна одговорност за нивната криминална агресија против нашиот јеменски народ. Таа нема да остане неказнето или неодговорено. Јеменските вооружени сили нема да се двоумат да ги таргетираат заканувачките извори и сите непријателски цели на копно и на море, со цел да го  одбранат Јемен, неговиот суверенитет и независност“.

Хутите со недели го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај во Црвеното море во знак на поддрша за палестинците во појасот Газа. Нападите на САД и Велика Британија, извршени  со помош на Австралија, Канада, Холандија и Бахреин, беа оправдани и дизајнирани да ја зачуваат слободата на пловидбата во еден од највиталните водни патишта во светот истакна американскиот претседател Бајден, додавајќи дека  доколку не престанат нападите нема да да се двоуми  да преземе дополните дејствија. 

Хутите возвратија  дека таргетираат само бродови што пловат кон Изрел, и ќе продолжат се додека Изарел  не ја запре воената операција во појасот Газа. Американските демократи го критикуваа Бајден, дека го прекршил уставот, бидејки нападите во Јемен не ги одобрил Конгресот. Нападите на Хутите мора да бидат запрени без да се предизвика нова војна во регонот порача Италија, а на барање на Русија вечерва ќе се одржи итна седница на Советот за Безбедност на ОН за воените напади на САД и Велика Бритаија врз цели на Хутите во Јемен.

Нападите на Хутите ја нарушија меѓународната трговија, принудувајќи ги меѓународните бродови да одат по долгиот пат околу Јужна Африка за да не бидат нападнати. Зголемувањето на трошоците за испорака ги поттикнува стравувањата дека тоа може да предизвика нов пораст на глобалната инфлација.