Преглед на вестите од светот
Патнички Боинг 737 на Алјаска Ерлајнс беше принуден да се врати на аеродромот 35 минути по полетувањето на летот за Калифорнија откако во воздух му отпадна дел од трупот. На смимката направена од патниците во авионот може да се забележи дека недостига целиот дел кај просторот за евакуација.
Пилотот успеал безбедно да слета без да биде повреден ниту еден од 177 те патници кои биле на летот. Компаниајта Алјаска Ерлајнс ги приземји сите 65 боинзи кои ги има во својата флота
Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека денеска истрелал десетици ракети врз воена база во северен Израел, нагласувајќи дека тоа е првичниот одговор на минатонеделното убиство на вториот човек на Хамас Салех ал-Арури во упориштето на шиитската група на периферијата на Бејрут.
Израелската војска изутрината соопшти дека околу 40 ракети биле истрелани врз областа Мерон од соседен Либан, додавајќи дека израелските сили одговориле со удар врз „терористичката ќелија“ одговорна за некои од нападите.
Бројот на загинати во новогодишниот земјотрес во Јапонија надмина 100 , повеќе од 200 лица сѐ уште се водат како исчезнати, по најсмртоносниот земјотрес во земјата во последните осум години.
Земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Јапонија, ја уништи инфраструктурата оставајќи 23.000 домови без електрична енергија во регионот Хокурику.
Потрагата по преживеани под срушените згради продолжува шести ден, а помош чекаат повеќе од 30.000 евакуирани лица.
Ова е најголем блианс на жртви по земјотресите во југозападна Јапонија во 2016 година, кога загинаа 276 лица.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар