00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Свет
18. April 2025 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Во руски ракетен напад врз Харков утрово загина едно лице, а уште 57 се повредени, соопштија службите за итни случаи. Меѓу повредените се и пет деца. Оштетени се станбени згради, образовна институција и цивилно претпријатие. Градоначалникот на вториот по големина град во Украина, рече дека нападот оштетил 15 станбени згради. Снимката на Ројтерс од местото на настанот покажува дека работниците од итната помош им пружаат прва помош на луѓе со раскрвавени рани во близина на една од станбените згради. Прелиминарно, три „Искандер“ со касетна муниција ја предизвикаа оваа ужасна сцена што ја гледаме овде.

„Ова е станбена населба, беше наутро кога луѓето се будат, кога некои одат на работа. Дали разбирате колку е ова ужасно, какви ужаси предизвикуваат тие (Русија)?"

„Мојот сопруг почина“.

„Каде беше тој во тој момент?

"Тој беше таму, тој се уште лежи таму. Тој е уште таму, оди таму."

Украина и САД потпишаа меморандум за договорот за минерали изјави висок украински функционер пренесе Ројтерс. Документот е прв чекор кон склучување договор за развој на минерали во Украина
Претходно Доналд Трамп изјави дека Украина и САД би можеле да го потпишат договорот за минерални суровини и економска соработка веќе следната недела.

„Па, имаме договор за минерали, кој претпоставувам дека ќе биде потпишан во четврток. Следниот четврток, наскоро. И претпоставувам дека ќе го оправдаат договорот. Па ќе видиме. Но, имаме договор за тоа. Немам коментар за тоа. појма немам. Тоа е негова изјава, а не моја“.

Продолжува блокадата на ртс, повторно не се емитуваше утринската програма а улиците кои водат до телевизијата се блокирани. Студентите од понеделникот го бојкотираат јавниот сервис. Ова е втор ден како не се емитува утринската програма а наместо тоа на првиот канал се емитуваше филм. Дневник 3 вчера беше емитуван од студио на непозната локација а ртс го осуди таргетирањето на новинарите и ги повика институциите итно да реагираат. 

Рано утрово сирени за воздушен напад го разбудија тел авив по објавата на израелската армија дека проектил бил лансиран од јемен. Сирените се огласија околу 5 часот по локално време. Израелската армија се огласи дека системот за воздушна одбрана работи за да ја пресретне заканата. Израелската понуда, која хамас ја одби, вклучуваше 45-дневен прекин на огнот во замена за ослободување на 10 заложници.

Ситуацијата во газа останува исклучително тешка. Неодамнешните израелски напади резултираа со најмалку 37 загинати. 

Американскиот претседател доналд трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со европската унија, за време на средбата со италијанската премиерка џорџа мелони во белата куќа. 

„Мислам, сите сакаат да склучат договор“, рече Трамп. „И ако тие не сакаат да го склучат договорот, ние ќе го направиме договорот за нив затоа што тоа ќе се случи.“