Loading Video...
Свет
30. August 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Србија ќе купи од ФРанција  12  нови борбени авиони Рафал. Договорот беше потпишан синоќа  за време на средбата помеѓу претседателите  на Србија и Франција, Вучиќ и Макрон во Белград. Ова ќе придонесе за значително зголемување на оперативните способности на нашата армија изјави  Вучиќ. Досега, Србија набавуваше воени авони од Русија. 

- Договорот е потпишан со комплетен помошен логистички пакет, резервни мотори и делови. Вкупната вредност на Договорот е 2,7 милијарди евра, 12 сосема нови авиони кои ќе бидат во сопственост на Република Србија, изјави Александар Вучиќ,претседател ан Србија.

Макрон го опиша договорот  како историски и важен и додаде дека ја покажува статешката храброст на Србија. На темата Србија ЕУ, шефот на француската држава дециден -  Србија има место во ЕУ , а нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина се составен дел од процесот на приближување кон ЕУ истакна Емануел Макрон, претседател на Франција.

На средбата беа потпишани и документи  за соработка помегу Белгради Париз во боласта на енергетиката, одбраната, екологијата и културата.

Од недела, во појасот Газа  ќе почне  вакцинацијата  против детска парализа објави СЗО. Треба да бидат вакцинирани  околу 640 000 деца .  Процесот на имунизација ќе почне во централна Газа, а потоа ќе продолжи во Јужна Газа  и во Северна Газа .По три дена се предвидени за секој регион а Израел и Хамас се договорија за паузи во борбите  за време на вакцинацијата.