00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Свет
11. December 2023 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Израелската војска објави дека се приближува до целосна контрола врз северниот дел на појасот Газа, како и дека се водат жестоки борби со милитантите на Хамас и во градот Кан Јунис на југ, кој е новото жариште во војната помеѓу Израел и Хамас.

Израелскиот премиер ги повика борците на Хамас да се предадат доколку сакаат да останат живи. Десетици милитанти според израелската војска, веќе го положиле оружјето и им се предале на израелските безбедносни сили. Хамас пак, преку соопштение се закануваат дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе од Газа жив без преговори и без одговор на нивните барања. Расте притисокот врз израелската влада за заложниците кои останаа во рацете на Хамас по прекинот на седумдневното примирје.

- Бараме израелскиот кабинет, воениот кабинет да разговара со нас, со семејствата и да објасни што точно е на преговарачката маса, за да не информираме. Треба да бидеме, бараме да бидеме дел од процесот на одлучување. Бараме од израелската влада да покаже лидерство.

Утрово, Хамас лансираше ракети кон Израел, при што едно лице е повредено во централниот град Холон.

Дојави за поставени бомби во училиштата во Србија станаа секојдневие. Утрово околу 8 часот во неколку основни и средни училишта во Белград пристигнале ваквите пораки, а полицијата веднаш излегла на тие локациии. По извршените проверки пријавите се покажаа лажни, соопшти полицијата.

Српските полициски и правосудни институции неодамна информираа дека има напредок во истрагата за лажни закани со бомби во училиштата.

Руските претседателски избори ќе се одржат на 17 март наредната година и на териториите окупирани од Русија, на истокот и на југот на Украина, одлучи руската изборна комисија. Станува збор за регионите - Запорожје, Керсон, Доњецк и Луганск, кои Моксва ги анектираше во септември 2022 година, а кои делумно се под нејзина контрола.

Путин во петокот објави дека повторно ќе се кандидира за претседател. Тој е на власт речиси 24 години.