Loading Video...
Свет
27. August 2024 - 12:23

Преглед на вестите од светот

Русите втор ден по ред жестоко ја напаѓаат Украина  со масивни воздушни напади,  најтешките во последниот период. Украинскиот претседателот Володимир Зеленски порача дека воениот одговор веќе се подготвува. Снимките објавени од украинската Државна служба за итни случаи во вторникот покажуваат дека спасувачите носат повредено лице на носилки додека се движеле околу висат кабли и остатоци во оштетениот хотел кој бил погоден од проектилот. Според локалните власти, две лица се убиени во градот Кривји Рих во центарот на земјата. Покрај тоа, две лица се исчезнати „веројатно под урнатините“, изјави регионалниот гувернер Серхи Лисак на онлајн сервисот Телеграм. Според официјалните информации, две лица загинале и во Запорожје на југоисток. Вчера, најмалку четири лица загинаа, а енергетската инфраструктура беше сериозно оштетена во еден од најлошите  руски воздушни напади врз Украина  во последните недели. Нападот доведе до голем прекин на електричната енергија. Кремљ соопшти дека руските сили не гаѓаат цивилни објекти во нивните напади врз Украина.

Израелските сили и Хезболах се вклучија во интензивна размена на оган рано во неделата долж границата меѓу Израел и Либан, предизвикувајќи вознемиреност и страв меѓу локалните жители во Тел Авив, Израел.

Сирените за воздушна одбрана се огласија во северниот дел на Израел на денот кога Хезболах започна големи напади, а израелскиот министер за одбрана Јоав Галант прогласи 48-часовна вонредна состојба.

„Чувството не е толку добро. Живееме во луд свет. [Се плашиме] што ќе се случи ноќе. Кога ќе станеме наутро, првото нешто што го правам е да го проверам мобилниот телефон за да видам дали нешто се случи во текот на ноќта“, рече Мајер, локален жител во Тел Авив.

Други жители во Израел кои ги анкетираше Ројтерс велат моменталната ситуација им влијае на секојдневните обврски, работата и семејството.

Бугарија ќе одржи предвремени парламентарни избори, нивни седми во само три години, на 27 октомври, најави вчера претседателот Румен Радев  по неуспехот на нејзините политички партии да се договорат за коалициска влада.

Радев рече дека преодната влада предводена од Димитар Главчев ќе положи заклетва денеска  во бугарскиот парламент за да ја води државата до изборите. Бугарија не успеа да формира стабилна влада откако антикорупциските протести ја соборија владејачката коалиција предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ во 2020 година.