Loading Video...
Свет
30. November 2023 - 12:29

Преглед на вестите од светот

Три лица се убиени, а 8мина се повредени во терористичкиот напад што се случи на автобуска постојка на влезот во Ерусалим, соопшти ерусалимскиот оддел за итни случаи. Напаѓачите пристигнале на местото на настанот со автомобил, вооружени со автоматска пушка и пиштол, и почнале да пукаат врз цивили пред да бидат убиени на местото на настанот.

Министерот за национална безбедност на Израел, Бен Гвир изјави дека нападот е доказ дека со Хамас нема примирје.

Овој настан повторно докажува дека не смееме да покажеме слабост, дека со Хамас мора да зборуваме само преку јазикот на војната. Против Хамас мора да се бориме. Ова докажува и колку е важна политиката на дистрибуција на оружје, така што и покрај критиките, јас ќе продолжам со оваа политика на дистрибуција оружје насекаде во Израел.Нападот се случи веднаш откако двете страни се договорија за продлжување на примирјето за уште еден, иако сеуште нема договор за размена на заложници. Хамас тврди дека Израел го одбил понудениот список на заложници, кој опфаќал и три тела на заложници, убиени за време на бомбардираето на Газа.

Американскиот државен секретар Блинкен кој денеска има средби со израелскиот претседател Исак Херцог, исткана дека се надева дека примирјето ќе продолжи уште неколку дена. Најави дека САД ќе побараат од Израел да не ги напаѓа цивилите и цивилната инфраструктура во Газа.

Тринаесет лица загинаа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати. Девет жртви се Казахстанци, две лица од Русија и две од Узбекистан, соопшти полициската управа од Алмати. Пожарот избувнал рано утрото во трикатница чии приземје и подрум биле заземени од 72 гости во хостел. Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.

Првиот човек на градот кривицата ја гледа во сопственикот на хостелот.

Во земјава забрането е сместување на гости во подрумски простории. Дозволено е да се реновираат и да се усогласат со санитарните стандарди, но останува прашањето колку луѓе биле сместени таму и зошто. Подрумските простории треба да се користат за кујна, складиште, магацин и така натаму.

Причината за пожарот засега е нејасна. Владата соопшти дека формирала специјална комисија за да го истражи тоа.