Loading Video...
Свет
11. February 2024 - 16:37

Преглед на вестите од светот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „безбеден премин“ на цивилите во пресрет на најавената операција во градот Рафа во јужниот дел на Газа.

„Ќе го направиме тоа додека на цивилното население ќе му обезбедиме безбеден премин за да може да замине“, изјави Нетанјаху.

Со континуираната кампања на израелските сили од север кон југ на Појасот Газа, Рафа е последниот поголем центар за население на палестинската територија во кој израелската армија се уште не влегла, иако го бомбардира речиси секој ден. 

Според проценките, војната до сега зема преку 30.000 жртви. 

Поранешниот претседател на САД и актуелен кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, вели дека не би штител ниту една земја членка на НАТО во случај да биде нападната од Русија ако таа не си ги плаќа обврските кон Алијансата

Изјавата на Трамп наиде на остри критики од Белата куќа. Си-ен-ен пренесува дека портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, изјавата на Трамп ја оценил како застрашувачка и несоодветна.

Училиштата за самба вчера блескаа на втората натпреварувачка ноќ во рамки на најголемиот бразилски карневал во Рио.

Карневалот во Рио е најголемата светска атракција и секоја година привлекува милиони туристи кои доаѓаат за да ги видат настапите кои танчерските групи ги подготвуваат цела година.

Со спектакуларни огномети Кина вчера го одбележа влезот во годината на змејот. Кинеската лунарна година која во најнаселената држава во светот се одбележува како пролетен фестивал се проценува дека ја прославија повеќе од 1,5 милијарди луѓе.

Прославата на кинеската нова година претставува и најголемата годишна миграција на луѓе во светот бидејќи Кинезите по традиција патуваат за да ги прослават празниците со најблиските. Лани за време на двонеделната прослава, кинеската економија инкасираше повеќе од 42 милијарди долари. Оваа година, само овој викенд, кинеските кино клубови објавија дека имале заработка од 2 милијарди долари.