Loading Video...
Свет
2. December 2025 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Белгиската полицијата ја уапси ректорката на Колеџот на Европа и поранешна шефица за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како дел од истрага за наводна изимама поврзана со програми за обука финансирани од ЕУ за помлади дипломати а во која биле вклучени Колеџот на Европа и европската служба за надворешни работи. Уште две лица се уапсени.

Во ценатрот на истрагата е тендер од 2021 -2022 година, преку кој европската служба за надворешни работи му доделиа деветмесечна програма за обука на помлади диплоамти, позната како Европска диппломатска академија на Колеџот на Европа. Европското јавно обинителство  се сомнева дека Колеџот бил информиран за криретирумите за избор на тендерската постапка пред да се објави официјлансото известување.

„Истрагата е во тек и откако ќе може да се открие повеќе, ние ќе го сториме тоа.

Во времето кога беше шефица на европската дипломатија, Могерини беше еден од гарантите на Преспанскиот договор и присуствуваше на неговото потпишување во Нивици.

Доналд Трамп ги испрати својот мировен претставник Стив Витков и зетот Џаред Кушнер во Москва на средба  со шефот на Кремљ. Во фокусот на разговорите се начините за завршување на руско украинската војна. Претходно  американскиот тим се сретна и со украински претставници.

Непосредно пред стартот на состанкот на Путин со Витков и Кушнер, руската армија се пофали дека ги зазеле укрианските градови Покровск и Вовчанск. Украина веднаш ги отфли руските тврдења, нарекувајќи ги бомбастични изјави наменети за влијание врз диплматските преговори.