Но двојката не застанала, туку продолжила да бега.
Во потерата се вклучија и останатите полициски патроли. Откако успеале да го запрат подивениот пар, полицијаците им порачале да излезат од автомобилот и да се предадат.
Но Ривера, која била зад воланот на автомобилот, не се откажала од бекството па прегазила еден полицаец. Во тој момент неговите колеги почнале да пукаат по автомобилот, а на двојката и немало спас.
Прегазениот полицаец набрзо се опоравил од повредите, а против неговите шест колеги, кои го застрелаа побеснетиот пар, државата засега нема да покрене постапка.