Македонија
23. November 2016 - 13:52

Прегазено четиригодишно дете во Скопје

Страшна несреќа во Сингелиќ, прегазено четиригодишно детенце. Синоќа во 10 часот и 33 минути на улицата „Антон Попов“во селото Сингелиќ, 42-годишниот М.Б. од Скопје управувајќи „Голф“ со скопски регистерски ознаки удрил во дете на возраст од четири години.

Девојчето било пренесено  во  „Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди,фрактура  на десна надколеница.

 Се работи на целосно расчистување на случајот.