Прегазени две деца пешаци - возачот избегал

Тринаесетгодишно дете е потешко повредено, а неговото другарче (12) се здобило со полесни повреди синоќа во Прилеп кога автомобил управуван од непознато лице удрил во нив. Полицијата, како што соопшти, презема мерки за пронаоѓање на возачот, кој избегал од местото на несреќата.
Настанот се случил во 21:30 часот во Прилеп на ул.„Трајко Тарцан“. Непознатиот возач управувајќи автомобил, удрило во пешаците-деца на возраст од 12 и 13 години. Децата се пренесени во градската болница Прилеп, каде кај 13-годишното дете се констатирани тешки телесни повреди, додека 12-годишното дете се здобило со телесни повреди, стои во полицискиот билтен.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица во Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
