Македонија
17. November 2017 - 13:04

Прегазена жена во Скопје

На бул.“Мајка Тереза“ пред крстосницата со улиците “Тодор Александров“, “Ацо Караманов“ и “Белградска“ вчера 08:45 часот се случила сообраќајна незгода каде што патничко возило “Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.А.(38) од Скопје удрил во пешак Ж.А.(45) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила пешакот Ж.А. која со истото возило од страна на Н.А. била пренесена во Ургентен Центар во Скопје за укажување на лекарска помош по што била пуштена на домашно лекување.

Екипа од СВР-Скопје на местото на настанот извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.