Македонија
7. јуни 2017 - 14:51

Прегазен пешак во Скопје

Во Скопје на крстосницата од ул. „Иван Хаџиниколов“ и ул.„Живко Фирфов“ на 4 јуни во 21:45 часот се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл „априлија“, управуван од З.А. (32) од Скопје и пешакот Т.Т. (20) од Скопје.

Во незгодата Т.Т. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Карил при Ургентниот центар во Скопје каде на 5 јуни починала, додека возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.