Македонија
21. September 2016 - 13:16

Прегазен млад велосипедист во Скопје, се бори за живот

Вчера во 19.00 часот во Скопје во населбата Гоце Делчев на локалниот пат према с.Петровац, случена е сообраќајна незгода во која Ј.Д.(54) управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки удрил во 
велосипедистот Х.К.(19) од Скопје. Х.К. со возило на итна медицинска помош бил префрлен во УЦ-Скопје.
 
Таму му биле констатирани тешки телесни повреди на момчето и тој е во животна опасност.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Скопје.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.