Македонија
7. May 2018 - 10:49

Прегазен дедо на мотор во Кочани, несовесниот возач побегнал од местото

 
Вчера утро во 05,50 часот во с.Чифлик-кочанско, на раскрсницата од улицата „Маршал Тито“ и улицата “Јане Сандански“, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Томос АПН“ со кочански регистерски таблици управуван од Т.И. (74) од с.Чифлик и засега непознато патничко моторно возило кое по незгодата го напуштило местото на настанот.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.И. кој по укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа- Кочани бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. 
 
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.