Предупредување кое никој не го приметува - Ни се заканува неизбежна катастрофа!
НАСА и Ирвин Универзитетот изработиле студија која ги загрижи сите освен светските лидери.
Светот оди кон неизбежна катастрофа, ни се заканува страшен недостиг од вода, а се` поради загрижувачкото топење на глечерите.
Хидрологот на НАСА Џеј Фамиглиети тврди дека сувите краишта на Земјата стануваат се посуви, а влажните краиште уште побогати со вода.
Според податоците од студијата, во изминатава деценија копнените површини на нашата планета впиле дополнителни 3,2 билиони тони вода во тлото, езерата и подземните извори. И додека сливовите на реките стануваат уште побогати со вода, некои делови од Индија, Кина, Блискиот исток и Северна Африка стануваат уште посуви отколку претходно.
- Ако ги споиме резултатите од оваа студија со претходните истражувања за падот на нивото на подземните води, се открива глобална катастрофа, околу која малку се презема за да се реши, рекол Фамиглиети.
Иако 71 отсто од Земјината површина е под вода, голем дел од тоа е солена вода. Само околу 0.007 отсто од водата на Земјата е достапна за човештвото и секојдневните потреби, а се проценува дека до 2025 година 1.8 милијарди луѓе ќе страдаат од недостаток на вода.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО