Предупредувачки штрајкови почнуваат и вработените во градскиот транспорт во Грција
Вработените во метрото, трамваите и електричната железница во Грција почнуваат од денеска четиричасовен предупредувачки штрајк.
Тие протестираат против приватизацијата на градскиот транспорт и против задоцнетото потпишување на нови колективни договори.
Синдикатите ја обвинуваат Владата за тоа дека по барање на меѓународните кредитори на земјата, дозволила градскиот превоз да биде распродаден.
Во рамките на третиот спасувачки пакет, Грција договори со кредиторите создавање нов фонд за приватизација, кој во текот на 30 години ќе акумулира државни средства во износ од 50 милијарди евра.
Половина од акумулираните средства ќе се користат како гаранција за рекапитализација на банките, а останатите ќе бидат искористени за економскиот развој на земјата и за отплата на државниот долг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот