Предлогот за нови министри на собраниска седница во среда

Седницата на Собранието на Република Северна Македонија на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата, е закажана за среда во 11 часот. На истата 103. седница е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети.
Предлогот за избор на нови министри во Владата, премиерот Зоран Заев го достави денеска до претседателот на Собранието Талат Џафери. Трајан Димковски е предложен за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии ќе ја преземе лично премиерот, кој, како што кажа порано, денеска, ќе ја извршува оваа функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
