Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Утврдување на предлог - одлуката за избор на членови на Државната изборна комисија и на предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, се на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Пред пратениците - членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 207/2024).
На дневниот ред на седницата се и утврдување Предлог - одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог - одлука за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, како и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари