Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер

Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои се бара прологирање на рокот за ДДВ од 18 проценти за прв купен стан денеска го поминаа собранискиот филтер на Комисијата за финансирање и буџет.
Предлог-измените се поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и со нив се бара прологирање на одредбата за зголемување на ДДВ од пет на 18 проценти од 1 јануари 2028 година.
- Со законот ја одлагаме примената на одредбата која требаше да стапи на сила од јануари 2026 година што значи дека ДДВ-то за прв стан ќе остане 5 проценти наместо 18 проценти како што требаше да биде од 1 јануари 2026 година. Некои пресметки што ги правеа наши колеги покажуваат дека ако во Скопје сакате да купите стан од 70 квадрати може да заштедите до 15 илјади евра со пролонгирање на рокот, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од предлагачите.
На денешната седница зелено светло доби и Предлог-законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој за потребите на Македонски Желеници - Транспорт.
Заемот е во висина од 20,9 милиони евра којшто треба да биде искористен за обнова на возниот парк на Македонски железници - Транспорт со локомотиви, а ќе се набави и систем за планирање на ресурси.
Заемот ќе биде доделен во рок од 15 години со вклучен грејс период од четири години и варијабилна каматна стапка. Ќе се отплаќа во 22 полугодишни рати, а на ЕБОР ќе треба да и се плати еднократка провизија во висина од еден процент од висината на заемот во рок од седум дена од денот на стапување во сила. Република Македонија ќе и плаќа на ЕБОР и провизија за евентулано неповелечени средства во висина од 0,5 проценти.
На денешната седница беше усвоена и ревидираната фискална стратегија за периодот 2026-230 година.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
