Предлог-буџетот за 2017 година доставен до Владата

Предлог-буџетот за 2017 година е доставен до Владата на Република Македонија и се очекува во текот на денешниот ден или утре Владата да одржи седница на која ќе расправа со цел финално да го усвои и потоа да го прати во собраниска постапка.
Ова го истакна портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција.
Тој посочи дека како и досега чинот на усвојување на Предлог-буџетот ќе биде транспарентен, а министерот за финансии Кирил Миновски ќе ги образложи приоритетите и конструкцијата којшто го предлага за наредната година.
Нагласи дека ќе следи и прес-конференција од страна на министерот за финансии по усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата.
Прашан каков е ставот на Владата за предлогот на СДСМ за воведување двојазичност на целата територија на Македонија, Ѓорѓиев рече дека Владата нема расправано за најновата иницијатива на СДСМ.
- Но, имајќи ја во предвид позицијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која е главна, носечка, стожерна партија во владината коалиција, овој предлог којшто го истакна СДСМ за двојазичноста не би поминал на владина седница во ваков состав, рече Ѓорѓиев.
Ново на Сител
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
-

„Свои на своето!“ - Ден на македонската револуционерна борба
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта
-

Променливо облачно со повремен дожд
