ОН предлага нов модел за обезбедување хуманитарната помош

Во услови кога на 125 милиони луѓе ширум светот им е потребна хуманитарна помош, меѓународната заедница мора да утврди нов модел за нејзино обезбедување, кој ќе се фокусира на развојот и на поефикасно искористување на средствата, се наведува во документ подготвен од експертска работна група, именувана од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Како што јави германската агенција ДПА, групата, предводена од еврокомесарот за буџет и човечки ресурси Кристалина Георгиева, имала за задача да предложи системски решенија за покривање на огромниот дефицит во финансирањето на хуманитраните мисии, кој во моментов изнесува 15 милијарди долари.
Во документот се наведува дека во моментов меѓународната заедница издвојува 25 милјарди долари за хуманитрана помош, што е 12-пати повеќе во споредба со 2000 година, но поради зголемениот број конфликти и елементарни непогоди, ниту тие средства не се доволни за задоволување на потребите.
Според Герогиева, денешната глобална економија со годишен бруто домашен производ од 78 илјади милијарди долари, мора да обезбеди повеќе средства за хуманитарна помош.
- Неприфатливо е во овој наш богат свет да дозволиме некој да умира или да доживува понижувања поради недостиг на пари. Тоа е проблем кој може да се реши, доколку за тоа постои политичка волја, додаде Георгиева.
Експертската група предлага да биде создаден нов глобален модел за прибирање средства за хуманирана помош, наместо досегашната пракса таа да се обезбедува од различни донатори, како и да се зајакнат ефикасноста и транспарентноста на работата на хуманитарните организации.
Експертите на ОН предлагаат и можност за воведување „данок на солидарност“ на луксузни стоки и услуги, при што прибраните средства од него би биле дирекно насочени за обезбедување хуманитрана помош.
Како пример за каквата мерка тие го посочуваат „мини данокот“ воведен на авиобилетите меѓу 2006 и 2011 година, со кој се обезбедени 1,6 милиони долари приход.
Според експертската група, значаен придонес кон финансирањето на хуманитарната помош би можеле да имаат и исламските социјални донации, имајќи пред вид дека најголем дел од луѓето на кои им е потребна помош потекнуваат од доминантно муслимански држави.
Во документот се посочува дека дел од годишниот приход на Исламската банка за развој, кој изнесува меѓу 232 и 560 милијарди долари, би можел да се исористи за покривање на речиси една третина од „дупката“ во фондот за хуманитрана помош.
Предлогот на експертаката група на ОН ќе биде официјално разгледуван на првиот Светски хуманитарен самит, што ќе се оджри во мај во Истанбул.
Герогиева, чие име се споменува како еден од можните кандидати за наследник на Бан, изрази надеж дека изработениот документ ќе даде разултати.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
-

Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
-

Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар
