Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Според Министерството, во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
-Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување, се наведува во соопштението од МНРиНТ.
Од Министерството посочуваат дека безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет.
Министерството, како што се посочува во соопштението, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.
Согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
- Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, информира МНРиНТ.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците
-

ПМФЛ: Дербито во Битола без голови
-

Собранието изгласа, возачите со „Б“ категорија ќе возат и мотоцикли до 125 кубика
-

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле
-

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година
-

Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел
-

Пезешкијан го осуди кршењето на примирјето меѓу Иран и САД
-

Приведени тројца скопјани барани со потерница
