-->
-->
Предавање за јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)
-->

Здружението на новинари на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија денеска организира предавање и дискусија на тема „Улогата на медиумите во развојот на јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)“.
На настанот ќе се обрати претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а потоа предавање ќе одржи Том Девајн, кој е долгогодишен меѓународен експерт во областа на законите за заштита на свиркачите.
По презентацијата, како што велат од ЗНМ, ќе има дискусија со присутните во врска со оваа актуелна медиумска тема. - Целта на оваа соработка е да се запознаеме со последните практики за мониторинг на медиумите во врска со укажувањето како и заштитата на укажувачите, додаваат од ЗНМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
