Предавање на Пендаровски и амбасадорката Бернс за значењето од пристапувањето во НАТО
Претседателот Стево Пендаровски, и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Бернс денеска на Универзитетот Американ Колеџ Скопје ќе одржат предвање на тема: Значењето од пристапот на Македонија во НАТО.
Настанот ќе го отвори проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, а присутни ќе бидат најдобрите студенти од факултетите на Универзитетот, а ќе го проследат и членови од бизнис заедницата.
Пред да стане Претседател, Стево Пендаровски беше редовен професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и ова ќе биде негово прво обраќање во својство на Претседател. По обраќањето на темата од страна на почесните гости, ќе следи дискусија.
Универзитетот Американ Колеџ Скопје континуирано организира настани и гостувања на странски предавачи, експерти, амбасадори и високи гости со цел да се стимулира критичкото мислење кај студентите на Универзитетот и да им се овозможат информации од релевантни и искусни извори.
Ново на Сител
-
Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Ердоган: Потребен е нов светски поредок
-
Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка
-
Николовски: Поднесени пријави за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила
-
Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка по напуштањето на натпреварот против Галатасарај
-
Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство
-
Истражување: Дури и кратка изложеност на загаденост влијае лошо на вниманието, расудувањето и однесувањето
-
УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите