Македонија
17. May 2017 - 9:27

Предавања за италијанскиот јазик и книжевност на Штипскиот универзитет

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска организира две предавања од областа на италијанскиот јазик и книжевност со гости од универзитети од Италија.

Првото предавање „Просторот во италијанскиот неореализам“ ќе го одржи Ана Стефановска од Универзитетот во Падова, а професорот Алфонсо Амендола од Универзитетот во Салерно ќе зборува за италијанскиот театар и кинематографија. 

На предавањата најавено е присуство на италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео и професорката Кармелита Д’Алесио.