Предавања на врвни кардиохирурзи на Универзитетската клиника за кардиохирургија
На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија-Скопје утре и задутре предавања ќе одржат основоположниците на европската и на италијанската кардиохирургија професор, Антонио Мариа Калафиоре и кардиохирургот од познатиот Римски универзитет „Ла Сапиенца“, Антонино Маруло.
Предавањето на професор Калафиоре, како што е најавено, ќе се одржи утре од 11:00 до 14:00 часот во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот Факултет-Скопје на тема „Кардиоплегија, историја, типови, предности, ризик“ и „Иднината на кардиохирургијата, минимално инвазивен пристап“.
Доктор Маруло ќе одржи предавања од областа на кардиохирургијата в петок од 10:00 до 15:00 часот во амфитеатaр на хируршки клиники во комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Предавањата се дел од редовната едукација при катедрата за хирургија на Медицински факултет-Скопје и со нив се овозможува високо стручна едукација на студентите и специјализантите од областа на кардиохирургијата.
Присуството на врвните кардиохирурзи е резултат на континуираната соработка меѓу Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, Медицински факултет-Скопје и Министерството за здравство на РМ.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата